Европско првенство за млади со неверојатен формат?

Промената на терминот на ЕВРО 2020 и презакажувањето од 11 јуни до 11 јули во 2021 година, придонесе да дојде до поклопување со првенството за млади кое првенствено беше планирано да се одигра од 9 до 26 јуни.

Поради ова, челните луѓе на УЕФА донесоа одлука првенството за младинци да се подели на два дела. Ова би значело дека групната фаза (од четири групи по четири селекции)  ќе биде одиграна од 24 до 31 март, во терминот кој е предвиден за пријателски натпревари на сениорските репрезентации.

Потоа најдобрите осум репрезентации за трофејот најдобар во Европа ќе се борат од 31 мај до 6 јуни, кога на распоредот е предвидено и финалето во Марибор.

Се вчитува...