Езџјан Алиоски во финалето на азиската Лига на шампиони

Тимот на Ал Ахли за кој настапува македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, се пласираше во финалето на азиската Лига на шампиони, откако во полуфиналето ја елиминираше екипата на Ал Хилал со 1-3.

Алисоки настапи од првата до последната минута, а веднаш во првите секунди доби жолт картон.

Фирмино и Тони во 9. односно во 28. минута од средбата донесе 0-2 за Ал Ахли. Ал Давсари намали на 1-2 во 42. минута.

Ал Хилал остана со играч помалку, откако Кулибали доби два жолти картони и автоматски црвен, со што потоа беше досуден и пенал за Ал Ахли кој го промаши Кеси. Затоа Ал Бураикан во седмата минута од судиското надополнување ја запечати победата и финале.

Во финалето, Ал Ахли ќе игра со победникот од Ал Наср – Кавасаки, кои играат утре.

Се вчитува...