Еберечи Езе во следните 48 часа би требало да го официјализира трансферот во редовите на Тотенхем, откако „спарси“ ги интензивираа преговорите со Кристал Палас за ангажман на овој одличен офанзивен фудбалер. Тотенхем тргна во офанзива по тешката повреда на Медисон, избирајќи го Езе како идеален плејмејкер кој може да помогне на неколку позиции во тимот.
Палас не сака да се раздели од својот најдобар фудбалер, но самиот Езе побарал да му биде дозволен трансфер, а управата на клубот решила да ја испочитува желбата на 27-годишниот играч. Неговата клаузула од 68 милиони фунти истече на крајот од минатиот месец, а Тотенхем ќе плати под оваа сума за да го осигура потписот.
Информациите од Англија говорат дека клубовите имаат начелен договор за сума од 55 милиони фунти, плус пет милиони преку клаузули, а останува да се договорат уште одредени детали околу клаузулите за трансферот да биде комплетиран.
Езе настапи за Палас на лондонската пресметка со Челси и се очекува тоа да биде неговиот последен меч за овој клуб. Доколку се биде во најдобар ред, англискиот репрезентативец би требало да ги мине лекарските прегледи и да потпише за Тотенхем, а потоа да дебитира за новиот клуб на гостувањето против Манчестер сити закажано за второто коло од Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

