Езе и официјално е нов фудбалер на Арсенал

Поранешниот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе, е новото засилување на Арсенал, официјално потврди англискиот вицешампион.

Езе се врати кај „топчиите“, во чија академија играше до 13-годишна возраст – кога лондонскиот клуб одлучи да го „отпише“. Таа одлука го чинеше Арсенал 68 милиони фунти – износот што го платија како отштета на градските ривали.

Во петте сезони на „Селхурст Парк“, Езе одигра повеќе од 150 натпревари и постигна многу важни голови и асистенции. Моментот за одбележивање дојде во мај 2024 година, кога беше херој на Кристал Палас со победнички гол во финалето на ФА Купот против Манчестер Сити

Се вчитува...