Ракометното езерско дерби, по долги години, на најдобар можен начин се враќа на домашната ракометна сцена.
Во извонреден амбиент во салата „Билјанини извори“ пред околу 3.500 гледачи, Охрид славеше против Струга со 26-23… Но, и сето тоа е можеби најмалку важно ако се знае дека навивачките групи на двата тима, „Рибарите“ односно „Паткарите“ беа во преден план сервирајќи извонредна атмосфера, ретко видена во домашните спортски сали. Во Македонија можеле да има и две навивачки групи во една иста арена и сето тоа да мине и без најмали проблеми, па дури и со заедничка хуманитарна акција.
И двете навивачки групи повикаа македонските граѓани да се вклучат во акцијата за собирање финансиски средства за 15-годишната охриѓанка Сара Настоски, која боледува од тешка болест, а и се итно неопходни 200.000 евра за хируршка интервенција надвор од земјава… (Донирајте по 100 денари со телефонски повик на: 143-102 (Македонски Телеком) и 143-480 (ВИП)).
Интересно, пак, на крајот од мечот ракометарите и на двата тима отпоздравија пред навивачката група од противничкиот тим. Само како, добро заокружување на враќањето на езерското дерби на ракометната суперлигашка сцена…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА