Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски продолжува со одлични игри во дресот на Лугано во швајцарскиот шампионат. Тој беше стрелец на победничкиот погодок за својот тим во триумфот од 2-1 на домашен терен против Лозана.
Алиоски во 56.минута одлично се снајде и успеа да ја затресе мрежата на Лозана, носејќи му водство на Лугано, кое на крајот беше преточено и во нови три бода. За жал, поради жолти картони, Алиоски нема да му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски во националниот тим за гостувањето против Лихтенштајн на 24. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА