Возачите во Формула 1 повеќе нема да добиваат казни заради ненамерни судири, одлучија комисиите при најбрзиот циркус во светот. Доколку станува збор за судир, каде не е јасно кој е виновен тогаш делегатите за безбедност на трките нема да им припшат казни на возачите.
Оваа нова одлука ќе важи од претстојната сезона која треба да започне за нешто повеќе од два месеци.
„Ако не е јасно или очигледно кој е виновникот, стјуардите нема да ги казнат возачите. За тој инцидент нема да има апсолутно никакви казни“ – велат од Ф1 комисијата.
Покрај промената на ова правило, ФИА одлучи пит-лејнот да биде отворен 30 минути пред почетокот на секоја трка како и 10 минути по стартот. Останува и правилото за повторно редење на стартно-целната рамнина доколку претходно на патеката имало возило за безбедност наспроти летечкиот рестарт како во минатото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА