Ф1 ја исфрли трката во Малезија, се враќаат големите награди на Германија и Франција

Шампионатот во формула 1 од следната сезона ќе има 21 трка, една повеќе во однос на оваа сезона, објави меѓународната автомобилска федерација. Во календарот на најбрзите авто-мото трки се враќаат големите награди на Франција и Германија, додека возачите повеќе нема да се натпреваруваат за големата награда на Малезија.

Новата сезона стартува со трката во Мелбурн, Австралија на 25. марти 2018 година, а титулата ќе ја брани возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

 Ќе се вози уште во Бахреин, Кина, Шпанија, Монако, Канада, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Италија, Сингапур, Русија, Јапонија, САД, Мексико, Бразил и Обединетите Арапски Емирати.

 

Се вчитува...