Управното тело на Формула 1 ја прогласи претстојната трка за Големата награда на Сингапур за трка со „опасни температури“ поради временските услови.
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) донесе одлука да ја прогласи трката за опасна бидејќи се предвидува дека температурата на воздухот ќе надмине 31 степен Целзиусов овој викенд во Сингапур, а поради високата влажност и тропската средина, тимовите би можеле да го користат системот за ладење на возачот, објави Би-Би-Си.
Употребата на овие елеци е опционална, но тимовите мора да го вградат системот на своите автомобили за да се осигурат дека возачите кои не ги користат нема да добијат предност со тоа што имаат полесен автомобил.
Гран При на Сингапур е првата трка што е означена како опасна од топлина според новото правило воведено оваа година. Сепак, нема да биде прв пат возачите да ги користат елеците, бидејќи тимовите ги тестираа во текот на целата година.
Трката во Сингапур долго време е позната како најтешка во календарот поради комбинацијата од топлина, влажност, должина бидејќи се одвива близу до максималното време од два часа и нерамната патека Марина Беј.
Трката за Големата награда на Сингапур е закажана за в недела од 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

