Пилотот на Ферари, Шарл Леклер ќе тргне од најповолната стартна позиција на Формула 1 трката за Големата награда на Австрија на Ред Бул Ринг. Зa Леклер ова е втора пол позиција во кариерата, а Ферари дојде до шанса утре на трката да биде сериозно конкурентен со доминантниот сезонава Мерцедес.
Луис Хамилтон во завршниот круг дојде до втората позиција во квалфикации и утре заeдно со Леклер ќе го поплни првиот стартен ред. Домашниот Ферстспен од Ред Бул имаше трет резултат, Валтери Ботас на Мерцедес заврши на четвртото место. Себастијан Фетел ќе стартува како деветти бидејќи не ја комплетираше третата квалфикациска сесија, имаше проблеми со болидот.
Во пресрет на утрешната трка, Хамилтон има 36 бода повеќе од Ботас, Фетел заостанува 86, а Леклер на петтото место заостанува дури 100 бода зад Британецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА