Ф1 не го сака Берни Еклстон ни за почесен претседател: Расизмот му пресуди

Контроверзното интервју поврзано со темата расизам му пресуди на Берни Еклстон. На Формула 1 и требаше исклучително кратко време за реакција со оглед на осетливоста на темата особено во овој период и актуелното движење „Black Lives Matter“ за кое застана првата ѕвезда на Формула 1, Луис Хамилтон, а поддршка доби и од Ф1.

Во време во кое единството ни е особено потребно во борбата против расизмот и нееднаквоста, ние никако не се согласуваме со ставовите на Берни Еклстон за кого нема место во Формула 1 заедницата. Господинот Еклстон нема никаква улога во Ф1 со оглед дека организацијата ја напушти во 2017 година, а функцијата почесен претседател му истече годинава“ – стои во реакцијата од Ф1.

Во спорното интервју, Еклстон рече оти смета дека во никој во Ф1 светот не се вознемирувал посебно за расизмот. Возачите според него биле посветени на трките додека Формула 1 била презафатена за да се занимава со ова прашање. Тој смета дека прашањето во јавноста се кренало на превисоко ниво, а најспорниот дел од изјавата е оној кај што вели дека „ во многу случаи црнците се поглеми расисти од белците“

 

Се вчитува...