Ф1 размислува ГН на Кина да се одржи во ноември

Големата награда на Кина во Формула 1 шампионатот, која требаше да се вози оваа пролет беше откажана поради епидемијата со коронавирус. Една од опциите кои Ф1 ги разгледува е трката да се одржи во ноември меѓу трките во Бразил и Обединетите Арапски Емирати.

Коронавирусот ги натера организаторите да го одложат цел викенд, но Формула 1 не сака да се откаже од една од најважните трки во сезоната. Се шпекулира дека таа ќе се одржи на 22. ноември само седум дена пред последниот настан во сезоната, трката за ГН на Абу Даби. Во тој случај тренинзите наместо во петок ќе бидат префрлени во сабота, ден во кој ќе се одржат и квалификациите.

Една од опциите е викендот наместо во Кина, да се одржи на патеката Имола во Сан Марино, која е една од најлегендарните во најбрзиот циркуз во светот.

Се вчитува...