Откажувањето на Формула 1 трката за Големата награда на Франција не е никакво изненадување, одлуката беше очекувана уште од кога претседателот на државата, Емануел Макрон соопшти дека забраната за масовни собири ќе важи и во текот на летото. Денеска само дојде само официјализација на она што се очекуваше.
И во Ф1 не очекуваа некаков радикален пресврт по ова прашање и затоа целото внимание го насочија кон следната трка, за Големата награда на Австрија која е предвидена за 5.јули. Надежите дека тогаш конечно ќе почне Ф1 сезоната се базираат на тоа што надлежните институции велат дека дражвата е подогтвена да ја организира трката, но без присуство на публика.
Во Австрија мерките за заштита од коронавирусот полека се ублажуваат, но правилото за одржување социјална дистанца и натаму е во сила. Во Формула 1 веќе се откажени или одложени 10 трки. Сегашниот план подразбира сезоната да почена во јули, а трае до крајот од декмври, да се одржат 15 до 18 трки со тоа што дел од одложените натпреварување би биле евентуално поместени за на есен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА