Шарл Леклер ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Италија. Возачот на Ферари во последниот круг од квалификациите успеа да го постави најбрзото време од 1:20:161 и со тоа се најде во добра позиција да ја одбрани честа на „домашниот“ тим на 16. трка во сезоната.
Второто најдобро време во квалификациите го постави Макс Ферстапен, но возачот на Ред Бул поради промена во болидот претрпе казна од пет места па трката ќе ја започне од шестата позиција. На второто место ќе стартува Џорџ Расел кој заврши на 6. место, а на третото Ландо Норис.
Интеренсо, пред нив беа Карлос Саинз, Серхио Перез и Луис Хамилтон, но сите имаат казни за промена во болидот. Така, Саинз и Хамилтон ќе започнат од претпоследното, односно последното место, додека Перез ќе стартува од 14. позиција.
LECLERC TAKES POLE AT MONZA!!! 🇮🇹#ItalianGP @ScuderiaFerrari pic.twitter.com/q4fJfqOUXI
— Formula 1 (@F1) September 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА