Ф1 тимовите со скратени буџети: Драстична разлика во буџетот на Мекларен

Во новата сезона Формула 1 тимовите се соочуваат со големи промени во буџетите, а најголема разлика почувствува тимот на Мекларен. Според бројките кои ги истакна „Аутобилд“, Мекларен има намален буџет за 200 милиони евра во однос на минатата сезона.

Лани на располагање имаа 451 милиони евра, додека оваа сезона нивниот буџет изнесува 250 милиони евра. Причина за големата разлика е поради што до лани производителот на делови за мотор „Хонда“, имаше голем придонес со своите делови на моторите на Мекларен. Сега истите делови ги купуваат од автомобилската компанија „Рено“, сепак треба да се земе во предвид дека Мекларен се уште нема главен спонзор како останатите тимови.

Поради скратениот буџет на Мекларен, сега Мерцедес располага со најмногу финансиски средства иако и кај нив буџетот е намален. За разлика од минатата сезона, Мерцедес го намали буџетот за само 47 милиони евра, сега имаат 450 милиони евра. Ферари се втор тим по големина на средства со расположливи 430 милиони евра и намалување од 43 милиони евра на буџетот во однос на лани.

Трет тим со најголем буџет е Ред бул. Ланската сезона располагаа со 429 милиони евра, сега буџетот им е скратен на 350 милиони евра. Веќе споменатите Мекларен ја завземаат четвртата позиција на оваа листа, додека Рено се петти најбогат тим со 200 милиони евра буџет и разлика од 71 милиони во однос на ланската сезона.

На шесто место, и единствениот тим со зголемен бузет за сезонава се Заубер. Дополнителните средства од „Алфа Ромео“ го зголемија минатогодишниот буџет од 90 на 135 милиони евра. Седми се Вилијамс со идентичен буџет како Заубер, 135 милиони евра, меѓутоа намалување од 50 милиони евра, додека Торо Росо благодарение на партнерството со „Хонда“ го задржа истиот буџет од лани, 125 милиони евра.

Кај тимот на Хас нема значителна промена, одземени се само седум милиони евра од буџетот и сега располагаат со 110 милиони евра, исто толку имаат и Форс Индија.

 

 

 

 

 

Се вчитува...