Ф4 на Евролигата 2025 во Барселона

Фајнл фор на кошаркарската Евролига во 2025 година ќе биде одржана во Барселона, тврдат шпанските медиуми. Конечен договор и натаму не е постигнат, но јасно е дека Барселона е главен кандидат за домаќинство на турнирот.

Долго време Атина беше противкандидат, но се чини дека ќе ја загуби оваа борба. Последниот Ф4 беше одигран во Каунас, а триумфираше тимот на Реал Мадрид.

Следната 2024 година Ф4 во Евролигата ќе биде во Берлин во „Мерцедес Бенз Арената“ во главниот град на Германија.

Се вчитува...