Завршниот турнир од СЕХА-лигата во оваа 2017 година ќе се одржи во Белорусија, а домаќин ќе биде екипата на Брест Мешков. Во последните години Брест беше секогаш во најтесниот круг за домаќин на фајналфор завршниците, но откако предност добија Нови Сад, Веспрем и Вараждин, овојпат беше решено белорускиот првак конечно да ја добие организацијата на битката за трофејот. Интересно е што Брест Мешков се до последното коло воопшто немаше обезбедено учество на Ф4, па откако белорускиот тим тоа го стори со победата на гостински терен над Загреб, денеска и официјално беше потврдено дека Брест ќе биде градот домаќин на новиот фајналфор турнир, што ќе се одржи од 7 до 9 април.
„За нас е големо задоволство што овој фајналфор турнир ќе се одржи во Брест и сигурни сме дека ќе биде неповторливо искуство за клубот Мешков Брест, за градот Брест, како и за севкупно гледано за белорускиот ракомет. Клубот бележи растод година во година и ние сме пресреќни што шестиот фајналфор турнир ќе се одржи токму во Брест“ – изјави директорот на СЕХА, Синиша Остојиќ.
Вардар повторно ќе биде дел од битката за титулата во СЕХА, откако „црвено-црните“ во претходните две сезони во големото финале губеа од Веспрем. „Црвено-црните“ за противник во полуфиналето ќе го имаат Загреб, додека во втората полуфинална пресметка домаќинот Брест Мешков ќе ги одмери силите со бранителот на трофејот Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА