Белград сепак нема да биде домаќин на Ф4 турнирот оваа сезона во кошаркарската Евролига, пренесуваат српските медиуми. Европа својот нов шампион ќе го добие на азискиот континент откако Абу Даби ќе биде домаќин на четирите најдобри екипи на стариот континент.
Главниот град на Обединетите Арапски Емирати уште два пати ќе биде домаќин на престижното натпреварување, но за кои сезони точно ќе се одреди во иднина.
Главниот град на Србија на почетокот на сезоната беше главен кандидат по трет пат во последните седум години да биде домаќин на престижното натпреварување, но се чини дека финансиските услови одлучија во корист на Абу Даби.
Белград беше домаќин во 2018 и 2022 година, а шампион на Европа стана Реал Мадрид во 2018 година и Ефес во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА