Како заокружување на сезоната во Европа престојниов викенд двата најголеми спортски настани на годината – ракометниот Ф4 турнир во Келн на кој повторно ќе биде и македонскиот шампион Вардар, и финалето од Лигата на шампионите. Натпреварите ќе може да се следат на Арена спорт каналите кои овој викенд ќе бидат достапни за сите корисници на Max TV на Македонски Телеком.
Во сабота, македонскиот ракометен шампион Вардар ќе се соочи со фаворизираната Барселона во првото Ф4 полуфинале. „Црвено-црните“ ги оставија сите проблеми зад себе и одиграа нова фантастична сезона во елитата, која на крај беше зачинета со моќно издание против ПИК Сегед и заслужен пласман меѓу најдобрите четири екипи на европскиот континент. Во недела ќе биде големото ракометно финале и борбата за трето место.
А епското финале од Лигата на шампионите на УЕФА е приказна за себе! Сите оние кои ги гледаа возбудливите полуфинални натпревари, сега имаат уште поголеми фудбалски очекувања. А Тотенхем и Ливерпул, по она што го прикажаа оваа сезона, дефинитивно имаат уште што да покажат. Лигата на шампионите никогаш не била помагична, поинтересна и повозбудлива, затоа, договорете друштво, купете омилени пијалоци и грицки и подгответе се за возбудата која доаѓа! Со Max TV на Македонски Телеком а Арена спорт каналите!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА