Се повеќе е извесно дека Белград ќе биде домаќин на завршницата на оваа сезона во Евролигата.
Како што пренесува Спорт 24 од Грција, тимовите веќе ја одбија втората опција – Абу Даби. На седницата на Генералното собрание на Евролигата, Абу Даби бил одбиен, што значи дека сега Белград останува единствен кандидат.
Сега единствено останува да се добие конечно одобрение, но делува дека тоа ќе биде само формалност.
Тоа би било третипат Белград да биде домаќин, после Ф4 во 2018 и во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА