Фајнл-форот на Евролигата за прв пат во историјата би можел да се одржи во Каунас, пренесуваат европските медиуми.
Веста први ја пренесоа грчките медиуми, а до заминувањето на Жорди Бертомеу од позицијата прв човек на Евролигата, се сметаше дека Истанбул е прв фаворит за домаќин на завршниот турнир.
Меѓутоа, сега ситуацијата е променета, а Каунас е познат како место со една од најстрасната публика во Европа. Според грчките медиуми, пристигнала и идејата за одржување на Ф4 во Дубаи во следните три години, но за тоа ќе се разговара во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА