Ф4 во СЕХА лигата ќе се игра во Задар

Фајнал 4 турнирот од десеттата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига по вторпат ќе се игра во хрватскиот Задар. Како и минатата година така и оваа поради пандемијата од коронавирусот Ф4 ќе се игра во септември и тоа од 3. до 5.

Титулата од минатата сезона ја брани Веспрем. Пред Ф4 турнирот треба да се одиграат четвртфиналните натпревари кои на програмата се од 21. до 31. август. Двата македонски тима во ова натпреварување Вардар и Пелистер за противници во четвртфиналето ќе ги имаат ППД Загреб, односно Мешков Брест.

Се вчитува...