Напаѓачот на Евертон, Умар Ниасе е суспендиран со два натпревари, откако во ремито од 2-2 со Кристал палас во саботата, успеа да изнуди пенал за својата екипа, но при тоа врз него не бил извршен никако контакт. Фудбалерот симулираше фаул, па главниот арбитар на средбата Ентони Тејлор покажа на белата точка во 3. минута по што „карамелите“ поведоа со 1-0. Ниасе е првиот фудбалер кој добива казна за симулирање во Премиер – лигата.
Сенегалецот има рок до крајот на денот да поднесе жалба, во спротивност неговата казна ќе започне веднаш, што значи дека ќе ги пропушти следните два меча на Евертон во Премиер – лигата, на гости кај Саутемптон, а потоа и средбата со Вест хем на „Гудисон парк“.
„Тој по натпреварот истакна дека врз него имало контакт, а причината за неговот паѓање била брзината со која трчал, па противникот имал лесна работа да го сруши на земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА