Лестер приреди големо изненадување во осминафиналето од ФА Купот на Англија откако го елиминираше премиерлигашот Борнмут, и тоа со триумф на гостински терен од 0-1.
Борнмут го одмори најдобриот стрелец Соланке што се покажа како погрешен потег бидејќи домаќините немаа гол-мајстор што ќе ги претвори создадените шанси во победнички погодок. Казната стигна во продолженијата од два пати по 15 минути, кога Исахаку Ватаву се промовираше во херој на Лестер, со гол од дваесетина метри носејќи ги „лисиците“ во четвртфиналето од ФА Купот.
Issahaku Fatawu. Remember the name. 💎
The Ghanaian grabs an extra-time goal for @LCFC, and his first #EmiratesFACup goal in his first game 🇬🇭 pic.twitter.com/MYLhFNXt9J
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) February 27, 2024
Њукасл по голема битка дури по изведување на пеналите успеа да го елиминира Блекбурн, откако по 120 минути игра резултатот гласеше 1-1. Голманот Дубравка беше херој на тимот на Еди Хау, со неколку извонредни интервенции во регуларните 90 минути, а потоа и со два одбранети пенала во „рулетот“ кој го реши патникот во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА