Најголемото изненадување во 1/16 финалето од ФА Купот го приреди третолигашот Менсфилд кој славеше на гостувањето кај премиерлигашот Барнли со 1-2.
Лаурент донесе водство за домаќините во 21. минута од средбата, но гостите со головите на Оутс во 53. минута и Рид во 80. минута стигнаа до целосен пресврт за голема сензација.
Манчестер Сити ја потврди фаворитската улога и се пласираше во 1/8 финалето на ФА Купот со триумф од 2-0 против Салфорд.
„Граѓаните“ стигнаа до водство во 6. минута од средбата благодарение на автоголот на Дорингтон, а победата ја потврди Гехи со својот деби гол во 81. минута.
Во останатите натпревари:
Норвич – ВБА 3-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

