Англискиот премиерлигаш Тотенхем едвај се спаси од пораз против нисколигашот Њупорт играјќи 1-1 во ФА купот. Тоа значи дека мечот од четвртото коло во ова натпреварување ќе се преигра, но овојпат „спарси“ ќе бидат домаќини на „Вембли“.
Њупорт изнедувачки поведе во првиот дел со голот на Падраг Амонд во 38.минута. Тотенхем долго се обидуваше да стигне до израмнување, а тоа му успеа на Хари Кејн во 83.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА