Познати се сите парови за 1/16 финалната фаза во ФА купот на Англија, откако денешната ждрепка им беше наклонета на фаворитите, кои се избегнаа меѓусебно. Ливерпул на свој терен ќе го пречека Вест Бромвич Албион, додека Жозе Мурињо и неговите „црвени ѓаволи“ ќе имаат лесна задача против четвртолигашот Јеовил.
Манчестер сити го чека подобриот од пресметката меѓу Кардиф и Мансилд, додека минатогодишниот финалист Челси ќе бара победа при реванш средбата со Норвич на „Стемфорд бриџ“ за да се пресмета со Њукасл во следната рунда.
1/16 финални средби во ФА купот:
Ливерпул – ВБА
Петерборо – Флитвуд/Лестер
Хадерсфилд – Бирмингем
Нотс каунти – Вулверемптон/Свонси
Јеовил – Манчестер јунајтед
Карлисл/Шефилд венздеј – Стивенеџ/Ридинг
Кардиф/Мансфилд – Манчестер сити
МК Донс – Ковентри
Милвол – Рочдејл
Саутемптон – Вотфорд
Мидлзбро – Брајтон/Кристал палас
Бурнемаут/Виган – Шрубери/Вест хем
Хал – Нотингем форест
Њупорт – Тотенхем
Норвич/Челси – Њукасл
Шефилд јунајтед – Престон
Натпреварите ќе се одиграат во периодот од 26 до 29 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА