ФА КУП: Ливерпул рутински против Норич, Саутемптон го исфрли Вест Хем (ВИДЕО)

Ливерпул ја продолжува победничката серија годинава. По освојувањето на Лига купот изминатиот викенд, избраниците на Јирген Клоп стигнаа до нов триумф, овој пат на домашен терен против Норич од 2-1 во осминафиналето на најстарото фудбалско натпреварување, ФА купот.

Херој за „црвените“ од Енфилд беше Минамино кој со два гола во 27. и 39. минута донесе водство за домашниот тим. Руп во 76. минута успеа само да го ублажи поразот на гостите.

Во вториот натпревар Саутемптон го совлада Вест Хем со 3-1 и со тоа ја продолжи одличната форма во која се наоѓа во последните месец и половина.

 

 

 

Се вчитува...