ФА Куп на Англија: Евертон со еврогол до победа, Норвич си закажа дуел со Ливерпул

Евертон успеа да ја мине првата пречка во ФА Купот на Англија откако „карамелите“ во повторениот натпревар успеаја да триумфираат над Кристал Палас со 1-0. Мечот беше решен уште во првото полувреме, кога Андре Гомеш постигна прекрасен погодок од слободен удар, по што домаќините умешно ги затворија приодите кон сопствениот гол и на крајот се радуваа на победата која им носи дуел со Лутон во следната рунда од ова натпреварување.

Норвич со голем пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето против Бристол Роверс со 1-3, триумф со кој „канаринците“ си закажаа гостување на „Енфилд“ против Ливерпул во следното коло.

Бристол имаше предност по првиот дел, но Норвич одигра одлични втори 45 минути во кои преку Сара, Идах и Меклин стигна до победата.

Се вчитува...