ФА Куп: Нов пеколен ривал за „црвените ѓаволи“

Манчестер Јунајтед на гостински терен го совлада Арсенал во четвртото коло од ФА Купот, а „црвените ѓаволи“ во петтата рунда ги очекува уште потежок предизвик – ново гостување во Лондон против екипата на Челси. Среќата не му беше наклонета на Оле Гунар Солскјер ниту на вечерашното извлекување, па Јунајтед ќе има пеколно тешка задача да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во најстарото фудбалско натпреварување.

За одбележување е дека последните три дуели на Челси и Манчестер Јунајтед во ФА Купот завршиле со идентичен резултат, минимална победа на лондонскиот клуб од 1-0.

Манчестер Сити не би требало да има тешка задача бидејќи против себе ќе има тим од пониските лиги, Њупорт или Мидлсброу, додека Вимблдон и Милвол самите ќе разигруваат за место во четвртфиналето откако во претходната рунда ги елиминираа премиерлигашите Вест хем и Евертон.

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

Њупорт/Мидлсброу – Манчестер Сити

Челси – Манчестер Јунајтед

Вимблдон – Милвол

Донкастер – Кристал палас

Бристол Сити – Шрусбери/Вулверхемптон

Свонси – Барнет/Брентфорд

Портсмут/КПР – Ватфорд

Брајтон/ВБА – Дерби

Се вчитува...