Бројни изненадувачки резултати во третата рунда од ФА купот, но дефинитивно најголемото изненадување го приреди клубот од шестата лига во Англија, Шорли таун кој победувајќи со 2-0 го елиминираше Дерби, кој е предводен од легендарниот Вејн Руни.
Гостите поради бројни позитивни фудбалери на коронавирус настапија со млади фудбалери, па на крајот доживеаја елиминација.
Евертон дури по продолженија успеа да слави со 2-1 против Ротерам и да се пласира во следната рунда натпревари.
Лидс на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски утре ги очекува гостувањето против Краули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

