Манчестер Сити ја одбрани титулата во Премиер – лигата минувајќи низ целта за чекор пред Ливерпул, а тимот на Пеп Гвардиола денеска е во нова мисија, по шести пат во клупската историја да го освои трофејот во ФА купот на Англија. Ако успее, ќе стане само четвртиот англиски тим кој успеал во една сезона да ги освои двата најважни трофеи на домашната сцена, по Арсенал (1992/93), Ливерпул (2000/01) и Челси (2006/07).
„Ако победиме, ќе биде тоа неверојатна сезона. Знам дека луѓето чудно гледаат на Манчестер Сити, но тоа е и знак за нашата моќ. Ако Сити освојува трофеи, тоа е очекувано, а ако го стори тоа да речеме Ливерпул, тогаш би било фантастично. Овој тим има големи квалитети, но ги заслужува и сите честитки за своите игри“, изјави Пеп Гвардиола.
Вотфорд ќе се обиде да направи сензација на „Вембли“. Во составот се враќа Жерар Делофеу кој постигна девет од своите 12 гола на последните 13 натпревари. Тој беше клучен човек и во триумфот во полуфиналето против Вулверхемптон. Во одлична форма е и Трој Дини.
Финалниот натпревар од ФА купот на Англија ќе се одигра на „Вембли“, со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА