Фудбалската Асоцијација на Англија ќе отвори истрага против менаџерот на Челси, Маурицио Сари, поради неспортско однесување на мечот против Барнли, поради кое беше исклучен. Имаше тензии пред крајот на мечот на „Стемфорд бриџ“ кој заврши 2-2.
Италијанскиот стратег беше испратен на трибините во судиското надополнување бидејќи го напушти просторот кој е наменет за тренерите. Неговиот асистент Џанфранко Ѕола откри дека некој од тимот на Барнли го навредувал Сари.
„Маурицио беше незадоволен бидејќи некој го навреди. Тоа е фудбалот, некои работи се изговараат поради адреналинот“, изјави Ѕола.
Сари подоцна не се појави на прес-конференцијата, а има рок до петок да одговори на обвинувањата од ФА на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА