Фабијан Руиз од 2023 во Реал Мадрид?!

РЕал Мадрид полека но сигурно се подготвува за смената на генерации во средниот ред што ќе биде неизбежна со пензионирањето на Модриќ и Крос. „Кралевите“ лани го доведоа Камавинга, летово потрошија 80 милиони евра за Чуамени од Монако, а следен на листата со желби на Карло Анчелоти е Фабијан Руиз.

Добра вест за „кралевите“ е што не треба да брзаат со шпанскиот репрезентативец, кој има само уште една година од актуелниот договор со Наполи, па следното лето би можел како слободен играч да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Реал може без проблем да ја мине целата сезона со актуелниот среден ред, а Руиз потоа да дојде како големо засилување во јули 2023 година. Според шпанските медиуми, токму тоа е причината поради која овој фудбалер ги одби сите понуди за нов договор со Наполи, свесен дека следното лето ќе може добро да го наплати фактот што без отштета би се вратил назад во татковината.

Карло Анчелоти пред неколку години го доведе Руиз во Наполи, италијанскиот стратег има исклучително високо мислење за овој играч, а и самиот Руиз беше презадоволен од соработката што ја имаше со овој стручњак во Неапол.

Се вчитува...