Полскиот голман Лукаш Фабијански поради повреда на колкот ќе паузира три месеци. Тој повредата ја заработи на мечот против Бормут во Премиер-лигата кој заврши нерешено 2-2.
Тој во 42. минута ја заработи повредата поради која мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Роберто Хименез кој ќе биде негова замена во следниот период. За Вест Хем ова ќе биде голем удар бидејќи полскиот интернационалец беше избран за најдобар фудбалер на лондонскиот тим.
Во отсуство на Фабијански шанса на голот на „чеканите“ ќе добие Шпанецот Роберто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА