Фабијански во солзи се прости од дресот на Полска

Искусниот полски голман Лукаш Фабијански, вчера го одигра својот последен меч за репрезентацијата. Фабијански бранеше на дуелот со Сан Марино, а беше заменет во вториот дел кога доби овации од публиката.

Фабијански, кој беше во сенка на Боруц и потоа на Шчесни, за Полска одигра 57 натпревари. 36-годишниот голман на Вест Хем сега ќе се посвети само на клупската кариера, а своето место им го отстапи на помладите.

Пред се тука се Шчесни, но и Мајецки, Драговски, Гилевиц…

Се вчитува...