Само два дена по загубеното финале од Лигата на шампионите, раководството на Ливерпул е на добар пат да комплетира врвен трансфер. Станува збор за Бразилецот Фабињо од Монако, кој се наоѓа многу високо на листата со желби на Јирген Клоп и за чиј трансфер преговорите се наоѓаат во завршна фаза.
Имено, Ливерпул испратил понуда во висина од 50 милиони евра што е многу интересна за „кнезовите“, па сега се преговара за деталите околу начинот на исплата. Кај двете страни постои оптимизам дека трансферот може да биде официјализиран веќе во текот на утрешниоот ден.
Бразилскиот ас може да настапува на неколку различни позиции, но Клоп во него гледа идеално решение за позицијата последен играч за врска, на која Хендерсон не игра на стандардно ниво, а останува без покритие во ситуација кога Емре Чан си заминува од „Енфилд“. По комлетирањето на овој трансфер раководството на Ливерпул ќе ги насочи погледите кон уште еден играч од француското првенство, Набил Фекир од Лион, кој е проценет на 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА