Фабињо: Ливерпул се уште е „жив“, триумфот над Сити го докажа тоа

Фудбалерот на Ливерпул, Фабињо по триумфот над Манчестер Сити изјави дека расположението и атмосферата во клубот на „Енфилд Роуд“ е подобрена. „Црвените“ во својот дом му го нанесоа првиот пораз на шампионот оваа сезона (1-0).

По ваквиот исход се потврди и изјавата на Пеп Гвардиола, дека нивната трка за трофејот во Премиер не е завршена.

„На натпреварите против Сити сите сакаат да го покажат максимумот – сите мораме да бидеме на највисоко ниво на физички и технички план. Тоа го направивме. Овој Ливерпул се уште е жив. Не минуваме низ најдобриот период, но победата против Сити покажува на што сме спремни. Знаевме дека мора да победиме на овој натпревар“, рече Фабињо.

Ливерпул моментално е осми на табелата со 13 бода, додека Арсенал е на првото место со 27. Во среда Ливерпул на домашен терен го пречекува Вест Хем во натпреварот од 12. коло на Премиер лигата.

Се вчитува...