Фабио Канаваро наследува поранешен македонски селектор и ќе биде дел од Мундијалот?

Фабио Канавро, славниот италијански фудбалер не успеа да го преслика успехот од играчката кариера во менаџерската. Последниот ангажман го имаше во Динамо Загреб каде не се прослави па замина по само неколку месеци.

Сега има шанса да се врати на работа и тоа со интересна понуда од страна на репрезентацијата на Узбекистан која во претходните четири години ја предводеше поранешниот македонски селектор Сречко Катанец.

Преговорите се во тек, а доколку истите бидат успешно реализирани тоа ќе значи дека Италијанецот ќе го најде своето место на Светското првенство во 2026 година со оглед на тоа што Узбекистан веќе осигура настап на собирот на најдобрите репрезентации на светот.

Се вчитува...