Поранешниот италијански репрезентативец и член на многу звучни екипи Фабио Канаваро, се враќа во својата земја после шест години минати во Кина, и ќе презеде тим од својата родна земја. Канаваро последниот ангажман го имаше лани, кога го водеше Гуангжу, а беше тренер и на Тианџин, како и селектор на Кина.
Сега е блиску да го презеде кормилото на Беневенто, јавуваат италијанските медиуми. Беневенто е тим кој се пресели во втората лига, и славниот италијански фудбалер ќе има задача да го врати во „елитата“.
Во минатото Канаваро играше за екипите на Јувентус, Реал Мадрид, Интер, Парма и Наполи. За италијанската селекција одигра 136 натпревари, и најголем успех му е освоениот Мундијал во 2006 година во Германија. Истата година ја освои и златната топка за најдобар фудбалер на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА