Францускиот мотоциклист Фабио Квартаро го продолжи договорот со Јамаха до крајот на 2026 година, соопштија од јапонскиот тим од Мото ГП шампионатот.
„Оваа зима Јамаха ми докажа дека има нов пристап и нов, многу поагресивен начин на размислување. Уверен сум дека заедно ќе се вратиме на врвот”, изјави 24-годишниот Квартаро.
Иако други тимови го посакуваа, Квартаро избра да остане во Јамаха, со која го освои светскиот шампионат во Мото ГП во 2021 година. И покрај добриот почеток на сезоната 2022, тој на крајот мораше да му ја препушти титулата на италијанскиот возач на Дукати, Франческо Бањаја. Ништо не се промени ниту во 2023 година, бидејќи Французинот ја заврши сезоната на 10. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА