Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, донесе одлука за својата иднина и дека ќе остане на чело на тимот и следната сезона, објави „Скај Спорт Италија“. Ова значи дека младиот специјалист ја отфрлил можноста да го наследи својот сонародник Чаби Алонсо како тренер на Баер Леверкузен, иако беше меѓу најповрзуваните имиња за идната слободна позиција.
Според информациите, не само што нема да замине од Комо, туку клубот наводно води преговори за негово продолжување на договорот. Начелно тимот добил гаранции од Фабрегас дека и следната сезона сигурно ќе биде дел од овој тим. Шпанецот има договор со Комо до 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

