Иако беше фаворит за нов тренер на Интер, Цеск Фабрегас нема намера да го напушти Комо. Со тоа ги „олади“ амбициите на европскиот вицепрвак во намерата да дојдат до услугите на Шпанецот, кој имаше одлична сезона во Комо.
На настан во Лондон денеска, Фабрегас најави дека верува во проектот на Комо, кој е долгорочен.
„Почнав во овој клуб затоа што сметам дека е долгорочен проект. Не сакам да ја завршам кариерата во клуб каде ќе бидам 1-2 години. Навистина верувам во долгорочниот проект во Комо. Пристигнав тука и сум многу среќен што можам да работам како што сакам“, рече Фабрегас.
Интер е во потрага по нов тренер, откако не дојде до договор за продолжување на соработката со Симоне Инзаги, кој најверојатно ќе замине во Ал-Хилал. Сега Роберто Манчини се споменува како можно решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

