Поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ е желба на тренерот Цеск Фабрегас во Комо, пренесуваат италијанските медуми. Шпанскиот стратег цели на засилувања за битките во вториот дел од сезоната, а изборот е на искусниот Србин кој и на 36-годишна возраст покажува класа во настапите за Лион.
Матиќ и Фабрегас добро се познаваат од времето поминато заедно во Челси каде освојуваа титули па на него гледа не само како некој кој ќе донесе стабилност во средината на теренот, туку и стабилност во соблекувалната.
Покрај Матиќ желба на Фабрегас се и двајца сонародници. Станува збор за десниот бек Иван Фреснеда од Спортинг и напаѓачот Иван Азон од Сарагоса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА