Поранешниот фудбалер на Арсенал и Челси, Сеск Фабрегас и официјално промовиран како нов тренер на новиот член на италијанската Серија А, екипата на Комо.
Комо денеска потврди дека добиена е лиценцата за работа за Фабрегас, кој без никаква пречка сега ќе може да го води тимот. Сеск најпрво беше поставен за в.д менаџер, па потоа беше помошник, а сега и официјално е шеф на стручниот штаб потпишувајќи договор за следните четири години.
„Среќен сум што почнувам како главен тренер. Им благодарам за довербата, ги делам амбициите со сите во клубот и верувам дека е ова почеток на едно убаво долго наше патување. Веруваме во успех на тимот“ – порача Фабрегас, кој е и косопственик на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА