Тренерот на Комо Цеск Фабрегас ги отстрани сите дилеми околу неговата иднина. Тој пред утрешниот меч со Венеција, кажа дека и покрај интересот од други клубови, останува во италијанскиот тим и следната сезона.
Фабрегас веќе разговарал и со раководството на клубот за својата иднина. Тој беше поврзуван со клупата на Баер Леверкузен како замена за Чаби Алонсо кој заминува во Реал Мадрид, но се чини дека „фармацевтите“ ќе мора да бараат ново решение.
„Да, останувам тука. Разговарав за мојата иднина со раководството и постигнавме договор. Се чувствувам одлично тука и сакам да бидам сигурен дека имаме заедничка визија за иднината со клубот. Да, зборував и со други клубови. Ги почитувам и разговарав со сите. Се е договорено, само треба да почекаме официјална изјава од клубот за мое останување“, изјави Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

