Фабрегас импресиран од „новиот Арсенал“: Едвај чекам да почне новата сезона

Арсенал полека, но сигурно се враќа на големата сцена. „Топџиите“ под водство на Микел Артета играат одлично, а ова лето стигнаа и до неколку големи засилувања со кои се очекува лондонскиот тим да се врати во игра за место меѓу лидерските тимови во Премиерлигата.

За „новиот Арсенал“ зборови не штедеше ниту поранешниот „топџија“, Цеск Фабрегас кој вели дека тимот го поминал потребниот пат за „ребилдинг“ и со нетрпение ја очекува новата сезона.

„Мислам дека Микел Артета и Еду завршат фантастична работа. Имаат трпение и визија за целиот проект. Не можете да направите големи нешта за еден ден. Некогаш маркетот не ви дозволува да ги купите посакуваните играчи, некогаш немате искуство за големи натпревари и тоа беше проблемот на Арсенал. Но, мислам дека клубот сега е на друго ниво. Младите играчи повеќе не се млади и работите одат во друга насока. Во клубот стигнаа одлични играчи за позициите кои беа проблем и се надевам ќе биде конкурентен. Со нетрпение ја чекам новата сезона“, изјави легендарниот Шпанец.

Се вчитува...