Цеск Фабрегас е подготвен да му излезе во пресрет на својот пријател Тиери Анри и да му се придружи на францускиот тренер во Монако, во обид да обезбеди опстанок во „Лига1“.
Шпанскиот плејмејкер има договор со Челси до крајот на сезонава, но би можел да си замине веќе во јануари доколку неговиот нов клуб издвои околу осум милиони евра за да го доведе во своите редови. Како што јавува весникот „Л’Екип“, преговорите се во завршна фаза и Фабрегас во текот на следната седмица и официјално би требало да му се приклучи на тимот на Анри.
Тој би пристигнал во Монако со уште едно искусно засилување, Португалецот Пепе, кој доаѓа како слободен играч по раскинот на договорот со Бешикташ.
Монако моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 13 освоени бода по првите 18 кола сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА