Цеск Фабрегас ги сведе на теорија шансите на Милан да го доведе Шпанецот во своите редови во јануарскиот преоден рок откако 32-годишниот играч за врска изјави дека нема намера да си замине од Челси до завршувањето на оваа сезона. Поранешниот ас на Барселона и на Арсенал има договор со Челси до крајот на оваа сезона, па иако „сините“ имаат опција да го продадат во јануари тој не очекува да ги промени клупските бои.
„Се пишуваат многу клубови, но јас не сум разговарал со никого ниту пак очекувам трансфер во јануари. Јасно е, на почетокот од 2019 ќе бидам во можност да потпишам пред-договор и сигурно ќе постои интерес од многу клубови. Она што можам да го кажам е дека очекувам да останам овде до крајот на сезонва. Среќен сум, тоа е најважно од се. Секако, секој фудбалер сака да игра што повеќе, но јас сум среќен од улогата што ја имам во Челси“ – изјави Фабрегас.
Тој беше клучен играч во шампионскиот тим на Жозе Мурињо од 2015 година, но оттогаш игра во променлива форма. Сезонава тој го загуби првотимскиот статус од Жоргињо, па најчесто добива шанса на натпреварите од Лига-купот на Англија и од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА