Комо не запира со ангажман на млади талентирани фудбалери. Последен кој се очекува официјално да биде претставен како нов член на италијанскиот тим е Максимо Пероне, големиот аргентински талент кој минатата сезона ја помина на позајмица токму во овој клуб.
Овој пат се очекува и постојан трансфер за кој на Манчестер Сити ќе му бидат „искеширани“ 12 милиони евра.
Пероне веќе има премиерлигашко искуство настапувајќи на две средби за „граѓаните“ во елитниот англиски фудбал, а минатата сезона одигра 26 натпревари во Серија А забележувајќи три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

